сабота, 18 ноември 2017 | Вести денес: 80 ново

Седмото издание на Недела на дизајнот во Скопје во знак на материјалите

Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде што водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје

Седмото издание на „Недела на дизајнот во Скопје” (Skopje Design Week) оваа година ќе се одржи од 22. до 26. ноември во „Јавна соба“ и Лукс продавницата за расвета и мебел, а подготовките се во финална фаза.

Тема на овогодиното издание на СДВ е „Звукот на материјалите”, каде што водејќи се од фактот дека материјалите, нивната достапност и обработка, во моментов се најпримарни елементи во еден производ.

Фестивалот оваа година ќе се претстави пет програмски целини, каде што водечката е секцијата на дизајн изложбите. Земја во фокус оваа година е Унгарија и ќе се претстави со врвна дизајн изложба составена од 20 дизајн студија, компании и поединци. Покрај изложбата, унгарските дизајнери кои во голем број доаѓаат во Скопје, ќе имаат презентции за деловниот и дизајн аудиториомот на фестивалот, но и ќе посетат неколу фабрики во околина на Скопје.

Музичката програма се чини дека е подобра од било кое предходно издание. Пет музички групи од регионот ќе настапат на СДВ:  Васил Хаџиманов бенд, „Ѓорги Шаревски трио”, „Како – кало банда”, „Артан Лили“ и „Михали Борбели Балкан џез проект”.

Српска кулинаска забава е перформанс на готвач Мирко Веселиновиќ од винаријата Башек – Веселиновиќ од Сремски Карловци, и настанот ќе биде целoсоно достапен за јавноста.

Викен програмата е резервирана за работлница за дизајн расмислување која ќе ја водат експерти од Балканот и научно-практична работилница за деца од 7 до 10 години.

Влезот на Неделата на дизајн и на двете локации, Јавна соба и Лукс мебел и расветa, е слободен за сите посететители.

Top