понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

Во Скопје викендов 40 сообраќајки, тешко повредени четири лицa

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 40 сообраќајни незгоди. Од нив, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди во четири сообраќајки, во 12 со полесни повреди се здобиле 12 лица, а во 24 е причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 14 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки телесни повреди се здобило едно лице, во три полесно биле повредени четири лица, а 10 поминале со причинета материјална штета.

Во сабота, бил извршен увид на 15 сообраќајни незгоди. Две лица биле потешко повредени во две сообраќајки, во четири биле полесно повредени седум лица, а девет поминале само со материјална штета.

Вчера, пак, сообраќајната полиција извршила увид на 14 незгоди. Едно лице било тешкo поврдено во една, а во три сообраќајки потешко биле повредени четири лица. Во 10 била причинета метеријална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top