сабота, 26 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

По многу години откриената тајната како се готви војчничкото гравче

Сите што служеле војска во Југославија и денес со носталгија се сеќаваат на војничкиот грав на ЈНА.

Сега, благодарение на специјализираниот готвач што е објавен на веб-страницата „ЈНАкухар„ (JNA kuhar), и цивилите можат да уживаат во јадењата од војничкиот казан.

Готвачите на ЈНА препорачуваат да не се меша гравот сè до неговото запржување.

Рецепт и приготвување:

Истребениот грав се потопува во студена вода водејќи сметка притоа да има доволна количина вода за да не ја „испие“ сета вода при набабрувањето и да остане сув.

Потопениот грав се остава на студено место од еден до три часа. Потоа водата се прецедува, па се налева нова студена вода и се става на оган 10-15 минути додека да зоврие.

Во меѓувреме, на малку врело масло се додава половина ситно сечкан кромид и рендан морков, малку се пржат, па се додава месото, кое е претходно одвоено од коските и исечено на коцки. Сето заедно се динстува додека не испари отпуштената течност и се трга од оган.

Од проварениот грав се цеди водата, па му се додава топла вода и половина ситно сечкан кромид, па се остава да се вари. Кога гравот е полу сварен, му се додаваат пржениот кромид и месото. Се вари со повремено долевање топла вода (по потреба) сè додека гравот не омекне.

На малку загреаномасло се додава брашно и се пржи додека благо да порумени. Потоа се исклучува и веднаш се додава црвен пипер во прав и ситно сечкан и толчен лук, па добро се меша. На гравот му се додава лавров лист, додатокот на јадења, концентриран сок од домати (претходно разреден во малку млака вода), се посолува и се запржува со постојано мешање за да не се згрутчи запршката.

Гравот со запршката треба да се вари уште 20-30 минути, а потоа се исклучува, се додава мелен црн пипер, ситно сечкан магдонос, сол по потреба.

Гравот при варењето не смее да се меша до запржувањето!

120 г грав (409 cal)

8г брашно (28 cal)

20 г кромид (7 cal)

1 г лук (1 cal)

10 г морков (4 cal)

3 г конц.сок од домат (1 cal)

100 г говедско месо (224 cal)

20 г маст или масло (177 cal)

0,3 г пипер во прав (1 cal)

0,1 г црн пипер

Гранче магдонос

1 л додаток за јадења

Лавров лист

Сол по вкус

Вкупно калории: 852 cal

За посен грав, иста е постапката, може да се додадат суви пиперки, претходно два часа киснети во вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top