недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 42 ново

Прочитајте ги етикетите на Зара (ФОТО)

Купувачите во бутиците на модниот бренд „Зара“ во Истанбул открија необични етикети врз облеката, поставени од турските работници, кои се жалат дека не им е платено за шиењето.

На етикетите пишува „Јас го изработив артиклот што ќе го купите, но не ми платија за тоа“.

Работниците со поставувањето на етикетите сакаат да извршат притисок врз „Зара“ да ги исплати работниците и да ја поддржат нивната кампања.

На етикетите пишува и дека работниците биле најмени од производителот „Браво“, кој синоќа престанал со работа, а фирмата им должи на работниците плати за три месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top