петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

„Тепмлум“ ќе ја промовира „Македонските тројански коњи“ од Рагми Јусуфи

Книгата „Македонски тројански коњи“ од Рагми Јусуфи ќе биде промовирана во клубот ГЕМ (Стара чаршија, над Менада), во петок 3 ноември, со почеток од 19, 30 часот. Издавач е Темплум, а книгата на Јусуфи излегува како дел од едицијата Градот.

Промотори на изданието се Живко Гроздановски, Јон Ивановски и Никола Гелевски.

Книгава разоружува со својата искреност повеќе од секоја сатира. Фрлајќи поглед кон општествениот масакр на градот и општеството низ ретка клучалка, на средовечен иселеник кому пишувањето не му е основна професија, ова неизвештачено четиво, единствено од својот вид, е скапоцен камен, телескоп кој ни ја става пред нос желбата за мирен соживот на различностите, загрозени само од трагикомичната расипаност на политичките елити.

Авторот Рагми Јусуфи, книгата ја посвети на својот татко и напиша: „ Книгава му ја посветувам на татко ми Алириза Јусуфи (1922– 1984), мојот неприкосновен херој. На 11 октомври 1941 година, на деветнаесетгодишна возраст, тој, заедно со своите другари Македонци и Албанци, излезе со оружје во борба против фашизмот, во борба за слобода, демократија и рамноправност на народите на овие со векови окупирани простори.

На самиот почеток на крвавата Втората светска војна, неговите другари и тој ја ставија оваа мала земја рамо до рамо со целиот прогресивен свет и на победничката страна. За мене, единаесетти октомври е најголемиот национален празник на Македонија.

За жал на нашата голема фамилија, и на нашите бројни пријатели Албанци, Македонци, Турци, Бошњаци, Срби, Роми и многу други, татко ми прерано замина од овој свет. Но, останува сеќавањето како тој и неговите другари, уште од својата рана младост, слушале Радио Слободна Европа низ подрумите во Куманово. Татко ми целиот живот се борел за слобода, демократија, за рамноправност на сите граѓани, без разлика на нивната националност, вероисповед, социјален статус…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top