сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 75 ново

Адвокат не сака да вработи првенец на генерација на Правен факултет

Адвокат не сака да вработи првенец на генерација, кој дипломирал на Правниот факултет, затоа што бил пресовршен, односно имал само десетки.

Иако многумина сметаат дека одличните оцени се пресудни за успех и најдобра препорака за секој кандидат за работа, белградскиот адвокат Урош Недељковиќ смета поинаку. Во неговата канцеларија пристигнала пријава која би заинтересирала многу работодавачи, но тој ја отфрлил без да ја разгледува.

Урош Недељковиќ

Му пречело тоа што кандидатот во текот на студиите имал само дестки, а факултетот го завршил за четри години и три месеци.

-За оваа работа не е важно само теоретското знаење, туку и животното искуство, талентот. А што проживеал тој додека студирал? Ништо. Тоа е мој став, можеби другите поинаку размислуваат, вели Недељковиќ и додава дека има познаници кои во текот на школувањето имале одлични оценик, но не постигнале никаков успех во животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top