понеделник, 11 декември 2017 | Вести денес: 108 ново

На поминување со својата колона, Доналд Трамп добил среден прст

Воообичаено е американските граѓани да го поздравуваат претседателот на САД каде и да се појави, но една велосипедистка од Вирџинија му салутираше на Доналд Трамп малку поинаку од вообичаено.

Имено, жената е фотографирана како му го покажува средниот прст кога неговата колона возила минувала крај неа, додека се враќал од посетата на својот голф клуб на брегот на реката Потомак во Вашингтон. „Поздравот“ бил и повторен.

– Претседателската колона појде од голф клуб во 15:12 часот и претекна два пешака, од кои едниот покажа палец надолу. Тогаш претекнавме и една велосипедистка, која покажа среден прст, стои во извештај на претседателскиот Кабинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top