среда, 13 декември 2017 | Вести денес: 4 ново

Го нарекуваат „Град на лудите води“: Само во Халкида морето тече како река, а ајкулите се борат против струјата (Фото)

Грчкиот остров Евија последниве неколку години станува се попосетен од туристите. Една од главните причини за тоа е и фактот што неговиот најголем град, Халкида го карактиризира еден многу интересн феномен познато како „Луда вода“. Ова е ретка појава кога може да се забежени на Еурипсовиот канал, каде морската вода тече како река.

Каналот е долг 8 километри, а неговата широчина варира од 40 метри до 1,6км. На најтесниот дел на каналот се наоѓа административниот центар на островот, градот Халкида кој каналот го има поделено на два дела.

Токму на тоа место морската струја е толку силна што тече како река, а секои 6 часа струјата ја менува насоката.

Овој феномент својот максимум го достигнува под стариот мост каде водата движи со брзина од 15 километри на час. Локалните жители велат дека дури и ајкулите при ваква брзина се борат да пливаат во спротивна насока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top