петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Вистински вмровец не го казнува ВМРО

Ламбе Арнаудов

Овој текст ТИ го посветувам тебе, мајко земјо страдна, сакана, родилко и доилко, душо напатена, хранителка штедра, учителке мудра, воспитувачка храбра, убавино боженствена.
Уште до крај не ти се израдував, не стигнав од срце да ти се заблагодарам и не дочекав достојно да ти се одолжам, а веќе душмани клети од сите страни и од надвор и од внатре секогаш сложни по кој знае кој пат ќимисале да те расчеречат.

Намирисале гадовите, се здружиле, стаорци, стрвини, хиени и мршојадци бесплатно да се гоштеваат од најбогатата и највкусна трпеза. Дебело се измамиле, и овој пат ќе останат гладни. Се минува и се мора да поминува само ти Македонијо татковино моја мила остануваш ЗАСЕКОГАШ. Вечна! Вечна затоа што само ти раѓаш толкав број величенствени синови.

Но, како што има плевел во житото има и во народот. Деновиве прошетав многу градови и населени места и секаде недге помалку негде повеќе забележав остатоци на ретки примероци од најомразениот и најпрезрениот вид од човечкиот род. Иако не е време овде онде здогледав расфрлени пресоблечени змиски кошули од кои се ширеше неподнослива реа. Ѓубре кое никогаш не се распаѓа и смрдеа која останува засекогаш. Ѓубре за кое никој не се нафаќа да го исчисти за да остане за навек жигосано за споредба и за правење разлика.

Сега ти се обраќам тебе велинченствен, вистински вмровец, сеедно дали намерно или без знаење од твојата партија си бил онеправден заобиколен, заборавен или несватен заради што со право си се налутил.Во знак на револт си останал дома и не си гласал, си го пречкртал гласачкото ливче или си гласал за друг што не верувам. Се согласувам со тебе имаш право да бидеш лут дури и многу лут, да критикуваш и да негодуваш, но не смееш да го преминеш прагот и да го прекршиш вековниот кодекс на ВМРО за односите внатре во организацијата. Запомни ВИСТИНСКИОТ ВМРОВЕЦ НЕМА ПРАВО ДА ГО КАЗНУВА ВМРО. Затоа што со тоа ја казнува и Македонија.

ВМРО било покрај тебе кога си се родил, било тука и кога твојата мајка ги испекла колачињата во форма на твоето стапалче во чест на твоето прво застанување на нозе и прво зачекорување во животот со што го почувствува стабилното тло на твојата татковина.

ВМРО било со тебе кога си заодел во градинка, низ целото твое школување и било сведок на твојата прва љубов, на постигнатиот гол, кош, претрчани километри, тука било и кога си се вработил, кога си формирал семејство, си се израдувал на чеда и внуци и кога си дочекал заслужена пензија.

Сте се радувале заедно на слави, свадби и празници, но и ти било искрена утеха кога си тагувал. Гледаш, покрај твоите биолошки родители ВМРО ти било и втори татко и мајка. Те прашувам дали не е нормално на волку активности и подарени добрини дека некогаш може и да се погреши. Затоа пред да помислиш да се налутиш ти порачувам да се потсетиш на овие две библиски мудрости:

Да изгледаш едно дете е исто толку тешко како да ископаш бунар со игла и другата, татка си да го качиш на своите рамена пешки да го однесеш ма аџилак и пешки да го вратиш не можеш да му се одолжиш. Затоа синко заборави ги тие мали неправди. Од татко ќотек не боли.

Во недела ти претстои реванш натпревар со самиот себе, и тоа на домашен терен. Излези на гласање избриши ја предноста од првиот круг што ја направил противникот во крајно нефер натпревар и со судиите на негова страна и докажи му дека си подобар од него. Тие со своите нечесни игри и гревови, а ти со својот договор со народот. Победата ќе ти биде многу послатка. Немој да се плашиш и од пораз затоа што секоја изгубена битка е вовед во конечна победа за тебе. Не е важно кој победува, важно е во кој битки учествуваш и на чија страна. Во светот има милиони споменици и незнам дали знаеш на сто подигнати споменици само три се во чест на победникот и ретко кој ги посетува. Спомениците напоразените вријат од посетители и почести.

Да те потсетам само на некои. Колективната саможртва на евреите во Масада, Спартак, Сигет, Аламо, сите наши комити и гемиџии досовремените Че Гевара, Јан Палах и многу други.

Арлингтон вечното почивалиште на најславните американци е имот во сопственост на поразениот глвен командант а јужначката војска генералот Роберт Ли, со што иако поразен тој се воздигнува како споменик над спомениците.

И твојата Македонија ама свој Арлингтон, тоа е споменикот на обичниот војник редов од Првата светска војна кој се истакнал со невидена храброст кога нашите војски во почетокот ги толчеа англичаните, французите и нивните балкански сојузници.

Кога војната среќа ни го сврте грбот пред многу побројниот непријател предавствата и најмногу заради традиционалното англиско лукавство(според сите психолози лукавството е знак за недостиг на интелегенција) неговата единица била заробена од непријателот, генералот надмено запрашал: Кој од вас се бореше во битките кога не победувавте? Јунакот храбро истапил и рекол јас се борев и тогаш и сега и пак да имам прилика истото пак ќе го направам. Генералот зачуден рекол не те разбирам знаеш за ова можам да те стрелам. За тоа што ќе ме стрелаш ич не ми е гајле, а за тоа што не ме разбираш ќе ти кажам: Да беше оваа ситуација место овде во мојата татковина некаде во твојата Англија и јас да бев генерал, а ти обичен војник редов кој го брани своето семејство, својот дом и својата татковина сигурно ќе ме разбереше. Инпресиониран од одговорот генералот веднаш го ослободил.

Претпоставувам дека не го знаеш неговиот споменик каде се наоѓа, ќе ти кажам драги мој величенствен вмровец. Кај споменикот си. Заврти се насекаде околу себе, секаде каде што стига твојот поглед е неговиот споменик. Македонија е неговиот споменик.

Сега е моментот мој величенствен да и се одолжош на својата татковина и да го надминеш уметничкото дело на најголемиот скулптор кој ја извајал најубавата фигура во историјата на оваа уметност. На прашањето на восхитените посетители од грандиозноста на уметничкото дело како успеал да го направи тој скромно одговорил. Фигурата беше внатре во каменот, јас само го отфрлив вишокот камења.

По примерот на уметникот отфрли го вишокот камења од себе, на нив нека се сопнуваат и нека кршат глави душманите, а ти покажи ја својата вистинска фигура која сме се навикнале секогаш да ја гледаме на радост и среќа на твојот народ и твојата татковина.

Има луѓе кои иронично мене ме нарекуваат фанатично опседнат со ВМРО. Погрешно и навредливо. Јас сум многу повеќе од тоа. ВМРО е метафора на мојот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top