петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Временска пргноза до крајот на октомври: Дожд и снег, а не очекува и разведрување

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со подолги сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната до 14 степени.

Во четврток и петок ќе преовладува сончево и значително потопло време, но утринските температури ќе бидат пониски, во интервал од минус два до седум степени. Нов влажен и студен бран се очекува во сабота коге ќе дува засилен северен ветер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top