петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 1 ново

Нефер и недемократски

Славчо Трпевски, поранешен директор на Катастар

Доколку на веб пребарувачот Google напишете со кириличен фонт „купување гласови“за помалку од една секунда ќе пронајдете неколку илјади наслови на оваа тема кои генeрално можат да се поделат во три групи и тоа Купување на гласови од СДСМ и ДУИ, Купување на гласови од Владата на Република Македонија преку доделување на субвенции и други поволности и трето ставовите на ОБСЕ/ОДИХР и други невладини организацииво текот на изборите и по завршување на првиот изборен круг.

Од неколку илјадитенаслови може да се види дека: „ДУИ со исти методи како СДСМ, Зендели обвинува за купување гласови во Липково“, „СДСМ со купување гласови до изборна победа“, „Во неделата Република објави дека беа приведени тројца активисти на СДСМ во Битола кои делеле пари за да поткупуваат гласови во Битола“, „Чие достоинство чини 500 денари?“, „СДСМ снимени како купуваат гласови во штипско ромско маало (ВИДЕО)“,  „Бизнисменот и кандидидат на СДСМ од Кочани – Николчо Илијев почна со купувањето на гласови?“, „Бајруш и Красниќи започнаа со извршување на нарачките на Заев“, „Бизнисмен близок до Заеви купувал гласови за СДСМ“, „СКАНДАЛ ВО КРУШЕВО: Локални моќници од СДС ја сечат шумата над градот, а дрвјата ги делат на гласачите во обид да купат глас повеќе!“, „Јовановски: СДС активира криминалци за изборите, кои потоа ќе бидат амнестирани и помилувани“, „ПРОДОЛЖУВА ПОТКУПОТ ВО ГАЗИ БАБА“, Крвнички претепан градоначалникот на Шутка“, „Пожар во куќата на кандидатот за градоначалник и ексминистер“, „Убиен кандидат за советник за локалните избори“,  итн, итн.

Владата не само што не се потруди да ја одвои државата од партијата на овие избори туку преку разни мерки овозможи: „Парите наменети за изградба на објекти, владата ги пренасочила во предизборен „пазар“ и  купување на гласови“, „Касами ја обвинува Арифи за поткуп на гласачи со општински пари“, „Заев најави дека ќе го вратат ,,Мерцедесот“ на Груевски и сосо парите ќе се купат амбулантни возила“, „(ВИДЕО) Заев: Субвенции и земјиште ќе добиваат вистинските земјоделци“, „Заев: Зголемени субвенции до 18000 денари за засеан хектар со ориз“,  „Заев од Старо Нагоричане најави 160 милиони евра субвенции“, „Зоран Заев: Македонија му должи и ќе му врати на Куманово“, „МИЛА ЦАРОВСКА ВМЕШАНА ВО ИЗБОРЕН КРИМИНАЛ?: Дали во Ромската населба во Неготино се делеле по 3.000 денари од глас“, „Мила Царовска денеска во Тризла?! Дали ќе го помогне изборниот поткуп кај ромското население?!“, „Царовска: Септемвриските плати на вработените во градинките се покачени за 2 насто“, „Царовска најави втор закон за стечајците“, „Премиерот Заев со министерката Царовска на формирањето Интер-ресорска група за еднакви можности: Македонија ќе биде земја за пример, имаме системски пристап кон родовото прашање“,„Царовска: Минималнаплата и во јавен и во приватенсектор е 12.000 денарибезисклучок“, „Отворањеновиработниместаво граѓанскитеорганизации-Промотори ќе бидат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска“,„ПОЛИЦИЈАТА ДЕЛИ ЗЕЈТИН И БРАШНО ВО КРИВА ПАЛАНКА ..итн,итн.

Посебно интересно е временски аспектда се следат изјавите на меѓународните и домашните набљудувачи па така: „ОБСЕ/ОДИХР се интересира за инцидентите“, „ОБСЕ/ОДИХР:Некои кредибилни наводи за купување гласови, притисок врз гласачите и изолирани случаи на насилство се случија во предизборниот период“, „ОБСЕ/ОДИХР: Сепак, во тек на предизборниотпериодимашекредибилнинаводи за купувањегласови, притисокврзгласачите и изолирани случаи на насилство, „Невладината организација „Цивил“ упати барање до политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и за манипулација на гласачите“,„civilmedia.mk Купување гласови има и ќе има. Во прилично високи дози. Тешко е да се открие, уште потешко да се докаже“,Цивил: „Бугарски воз“ на гласачко место во …„Цивил регистрираше низа помали нерегуларности, во Шуто Оризари“, “ЦИВИЛ алармира дека избирачкиот список не е до крај ажуриран,  ЦИВИЛ: Комбе носи гласачи во битолски Баир, „    МОСТ: Се организирале партиски настани за работно време, „МОСТ: Забележани нерегуларности – избирачки одбор кинел ливчиња“, „МОСТ до 17 часот регистрирал неправилности на 16 од 3.480 избирачки места,  МОСТ ги осуди насилствата во изборната кампањаМОСТ: Непочитување на изборните правила, семејно гласање и делење на пропаганден материјал“,    „МОСТ“ И „ЦИВИЛ“ – ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ “, и ОБСЕ/ОДИХР: ИЗБОРИТЕ БЕА ВО СОГЛАСНОСТ СО МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ итн,итн.

Почитувани пријатели ова се само мал дел од насловите кои домашните медиуми ги објавија во последните 30 дена за изборите, изборната кампања и денот на гласање, а видно од истите е дека имаше изборен поткуп на секој чекор и на секој начин, пукање, палење, претепувања, убиство на кандидат за советник, директно вклучување на министри од Владата во изборна кампања кое е спротивно на Изборниот законик како и зголемувања на плати, субвенции и социјални помошти од страна на Владата на РМза време на изборите, камелеонство на домашните и мегународните набљудувачи во зависност од резултатот на изборите, од детектирање на поткупи и низа неправилности во текот на изборната кампања  и денот на изборите за мудро да заклучат дека Изборите биле фер и демократски и согласно меѓународните стандарди.

Почитувани ова се најлошо организираните избори во историјата на Република Македонија, во кои оневозможен беше натрпреварот на програми и идеи а крајниот резултат е пораз на демократијата во Република Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top