среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Венето со излезеност од 50,1 отсто ќе бара поголема автономија, одѕивот во Ломбардија помал

Иако избирачките места беа отворени до 21 часот, регионалните власти на Венето веќе во 19 часот објавија дека излезноста била 50,1 отсто, а истовремено во Ломбардија одѕивот на гласачите изнесувал 30,5 отсто, иако таму не беше потребен никакво праг.

Овој советодавен референдум, кој е предвиден со италијанскиот устав, имаше големо внимание во европската јавноста во атмосферата создадена со референдумот на шпанската покраина Каталонија, иако барањата се различни.

Анкетите пред гласањето даваа предност за одговорот „да“ и во Венето и во Ломбардија, каде што избирачите требаа да наведат дало сакаат нивниот регион да располага со дополнителни форми и посебни услови на автономија, за кои потоа треба да се преговара во Рим.

Венето и Ломбардија сакаат поголема автономија во областа на доселувањето на имигрантите, во здравството, образованието и инфраструктурата.

Минатата година негативната разлика меѓу износот кој жителите на Венето го уплатиле на име на даноци и го добиле назад низ јавната потрошувачка изнесувала 15,5 милијарди евра. Во случајот на Ломбардија, таа разлика, пак, изнесува дури 54 милијарди евра.

Водачот на евроскептичната Северна лига, Матео Салвини изјави дека е „среќен што илјадници или милиони избирачи во Венето и Ломбардија бараат поблиска, поконкретна и поефикасна политика, со помалку бирократија и бруки“.

Ломбардија и Венето се меѓу најбогатите региони во Италија и придонесуваат со 30 отсто во бруто домашниот производ (БДП) на земјата. Тие се и меѓу најнапредните во задолжувањето, потрошувачката по глава на жител и функционирањето на здравствениот систем.

Top