петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 75 ново

Претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио тврди дека корупцијата во Албанија е на алармантно ниво

Претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио предупреди на високиот степен на корупција во Албанија.

Тој за тиранската телевизија „Визион плус“ изјави дека овој феномен се зголемува и оти борбата против него е од суштинско значење.

– Во Албанија, за жал, корупцијата е проширена во сите сфери, во судството, политиката, јавната администрација. Корупција за жал постои во сите земји. Во ниедна земја таа целосно не е елиминирана. Но, во некои, како што е Албанија, а има и други земји во Европа, корупцијата на високо ниво ги има зафатено сите сектори, не само судството. Затоа треба посилна борба против корупцијата на сите нивоа, изјави Букикио.

Според него, корупцијата може да се елмиинира преку реформи во албанскиот правосуден систем. Како човек кој е ангажиран лично во овие реформи, Букикио ја нагласува потребата од „одење со забрзани чекори во нејзино спроведување“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top