четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 96 ново

Пахор веројатно ќе добие втор претседателски мандат

Излезните анкети покажуваат дека актуелниот претседател на Словенија, Борут Пахор, освоил нов петгодишен мандат на денешните избори, јавува Ројтерс.

Според локалните медиуми, Пахор освоил 56 отсто од гласовите.

Втор зад Пахор е првиот човек на Камник, Марјан Шарец, кој освоил 22.5 од гласовите.

ТВ Словенија јавува дека кандидатката Романа Томц освоила над 10 отсто од гласовите.

Се работи за анкета спроведена по телефонски пат изработена за ТВ Словенија и ова не се официјални резултати кои треба да ги објави државната изборна комисија. Резултатите се очекуваат околу 22 часот.

На денешните претседателски избори, шести по ред, има рекордна ниска излезеност.

Пред Пахор, од осамостојувањето на Словенија, претседателската функција ја извршуваа Милан Кучан во два мандати, Јанез Дрновшек и Данило Тирк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top