четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 96 ново

За оние со студени раце: Ладните раце се симптом за повеќе болести

Циркулацијата на крвта е начин на кој телото ја одржува топлината. Дури и кога надворешната температура е пониска, ладните раце може само да покажуваат дека вашето тело правилно функционира со цел да ја регулира телесната топлина.

Сепак, доколку се почесто имате ладни раце треба да им посветите внимание, бидејќи може тоа да биде симптом за некои здравствени проблеми.

Кога треба да отидете на лекар поради ладни раце:

–  ако ви се константно ладни и рацете и нозете

–  промени во бојата на кожата

–  ако се појави чир или пликови

–  ако кожата стане тврда, сува или премногу се затегнува.

Најчести болести поврзани со ладните раце се: анемија, дијабетес, периферна артериска болест и некои други болести кои можат многу да ја намалат циркулацијата на крвта во садовите. Вашиот лекар може да го дијагностицира вашиот проблем и да ви одреди терапија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top