четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 97 ново

Костовски во Љубанци: Сигурна иднина на сите жители во Бутел

Тука сум роден, тука ќе останам, тука планирам да оформам семејство, овде во Бутел сум растел со деца од различна етничка и верска припадност, никогаш сум немал проблем по основ на овие две работи, а сега кандидатот од СДСМ дојде да нуди соживот, а пред 10 години си ја продал својата куќа бегајќи од луѓе од друга вера и јазик, ова го потенцираше кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски на вечерашниот митинг во Љубанци.

-Соживот се гради со храброст, не со лицемерие, соживот не се гради со потценујќи го своето, соживот не се гради тргувајќи со своите национални интереси. Исправени сме пред голем и историски предизвик, Бутел е се што имаме, Македонија е се што имаме, но моите деца сакам да растат во нормална општина каде што ќе нема уценети градоначалници и криминални банди. Кандидато од СДСМ кој си ја продаде својата таткова куќа во Бутел 2 е уценете кандидат кој најпрво треба да враќа се она што непринципиелно го ветил, а потоа да мисли за бутелчани. Додека мојот приоритет сте вие и вие тоа многу добро го знаете, истакна Костовски.

Тој додава дека во оваа општина треба да бидеме домаќини, а не гости.

-Мојата програма со над 80 проекти ветува просперитет и сигурна иднина за вашите деца, втора шанса можеби и нема да има. Затоа сите рамо до рамо одете кај сите и кажете им дека глас за СДСМ е глас директно против иднината на нивните деца, рече Костовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top