четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 97 ново

СДСМ и познати криминалци се закануваат со убиство (Видео)

Драги Јованов и Цонка Јованова, брачен пар од Демир Капија биле предмет на закани со убиство од активисти на СДСМ и познати криминалци од регионот поради тоа што кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ бил кај нив дома на кафе. Криминалците извадиле пиштоли и се заканувале дека сите ќе ги стрелаат. Потресното сведоштво на брачниот пар и стравот кој владее во Демир Капија потоа видете го во видеата во продолжение на овој текст.

– Синоќа околу 8 часот дојде градоначалникот и братучед ми, дојдоа на кафе кај мене. Мафијата веднаш потоа дојде, со закана, зошто доаѓа тој кај мене. Им реков да се тргнат, они ги извадија пиштолите во мојот двор. Сакаа да пукаат да ме убијат, затоа што градоначалникот е дојден кај мене, раскажува Драги Јованов.

Тој вели кога тргнал да вика полиција, истите избегал, по што пристигнало друго возило со активисти на СДСМ, кои исто така се заканувале, по што се јавиле во полиција, а истата ништо не превземала.

Според Јованов, заканувачите се најголемите криминалци во Демир Капија.

Кога луѓето го прашале Лазо, кандидатот за градноначалник од СДСМ за Демир Капија што е проблемот, тој рекол дека тој ги пуштил за да го следат кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Сопругата на Драги, Цонка Јованова, вели:

– И јас излегувам надвор и гледам има галама, кај нас беа гостите Љупчо и Пецо и излегувам надвор и гледам гужва. Прашувам што е ова? Гледам Пајо Илиев со двајца од Валандово се залепиле до нашата порта го следат градоначалникот, сега што е кандидат за Демир Капија, и тогаш едниот од Валандово ја става раката во ташната и вика сакате ли да ве застрелам.

По ова брачниот пар и другите присутни почнале да велат дека ќе ја викнат полицијата, по што криминалците и активистите од СДСМ им рекле „ние ќе си одиме, ама по нас ќе дојде друга кола“. Откако заминале, по нив дошла друга кола.

Јованова потенцира дека цела Демир Капија е под стрес и неможат да излезат надвор. Дополнително Јованова ја предочува незаинтересираноста на полицијата да им помогне, кои им рекле да отидат во полиција да дадат изјава, во услови кога истите се плашат да излезат од својот дом.

Граѓаните од Демир Капија велат дека заканувачите од Валандово подолг период се во градот и истите се сместени во винарска визба блиску до градот, од каде ги планираат своите активности.

Ваквиот видео материјал, сведоштва и материјални докази од овој и од другите документирани случаи кои излегоа во медиумите изминатиов период се ноторен доказ за отворање истрага од страна на надлежното обвинителство за изборен криминал, за жал истото молчи и не презема никакви дејствија, кои согласно закон е должно да ги преземе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top