четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 98 ново

ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбележи 23 Октомври во Штип

По повод големиот државен празник, денот на македонската револуционерна борба 23 октомври, и 124 години од формирањето на ВМРО, организацијата која е дел од кодот на Македонецот и составен дел од стремежот за слобода и независност, ВМРО-ДПМНЕ информира дека главниот настан ќе се одржи во Штип во 13 часот во културниот дом Ацо Шопов, на што ќе му претходи положување на свежо цвеќе пред споменикот, посветен на основачите на организацијата во Скопје. Од ВМРО – ДПМНЕ посочуваат и дека партијата не е организатор на настанот во понеделник вечер во „City Hаll центарот.

-Очигледно некому му е потребна намерна и свесна забуна, што говори дека сметките на крајот не им излегуваат онакви на какви се надевале. ВМРО-ДПМНЕ останува голема партија. Партија на народот и за народот, дел од кодот и најсветите чувства за државност и слобода, порачуваат од партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top