петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Фатаморгана на „Камп ноу“: Меси и на терен и на трибини (фото)

Мал дел од навивачите на „Камп ноу“ вечерва беа зачудени откако на една од трибините можеше да се забележи Лионел Меси во дрес на Барселона… и тоа додека Аргентинецот ја носеше „десетката“ на грбот на теренот на дуелот со Малага.

Не станува збор за „фатаморгана“, туку за двојникот на Лео од Иран, кој во изминатите денови беше во посета на Барселона, за денеска во живо да го гледа Меси на теренот на „Камп ноу“.

Сличноста е огромна, нема што.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top