среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

ВМРО-ДПМНЕ се враќа на својот традиционален идентитет, зашто ВМРО ѝ е потребна на Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва гостуваше во „Седмица“ на ТВ Алфа, потенцира дека нјаважно за неговата партија е да го зачува идентитетот, зашто ВМРО е важна за Македонија, за зачувувањето на националните и државните интереси на Македонија.

-Како партија мораме да извлечеме поука од одредени грешки, да направиме длабинска анализа по изборите и партијата да продолжи по оној пат по којшто очекуваат најмалку 455.000 гласачи кои не поддржаа во декември. Не е ниту срамота не е ниту погрепно да се обидете да освоите и други гласови или симпатии, но очигледно ние го направивме тоа доста нагло и недоволно вешто, за што ни беше испратена порака.

Најглемата одговорност во секоја политичка партија, па и во секој тим, ја носи првиот човек. Јас не бегам од тоа, секако дека ја имама најголемата одговорност, но за тоа ќе се дискутира по изборите, откако ќе се направи длабинска анализа, внимателно ќе се издискутираат сите аспекти и потоа ќе се постават работите онака како што е најдобро за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија, додаде Груевски.

 

Top