петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Како да уживате во совршен секс за само 15 минути

Без разлика што сте слушнале или прочитале досега, сексот не може секогаш да трае со часови. Иако понекогаш е одлично да му се препуштите на партнерот кој ќе потроши часови истражувајќи ги ерогените зони и чувствителните точки, понекогаш сексот во траење од неколку минути е она што Ви е потребно.

Можеби мажите се најголемите поддржувачи на краткиот секс, но сексот на брзина има што да им понуди и на жените. Така, на пример во само 15 минути може да вметнете и предигра и две-три пози и неверојатно да уживате – пишува AskMen.

Важно е само добро да темпирате и да почнете да одбројувате. Вметнете ги сите потребни состојки и очекувајте добар резултат. Еве во што се крие тајната на совршениот секс за само 15 минути во кој ќе уживаат сите.

Игра пред предиграта

Иако не се вбројува во наведените 15 минути, препорачливо е страстите да ги разбудите уште во текот на денот и пред да стигнете дома. Праќајте си секси пораки, фотографии, оставете интересна порака во џебот… Сè што ќе Ве направи нестрпливи да дојдете дома и да уживате во жешките игри под чаршафите.

Предигра

Време на траење: 8 минути

За почеток пуштете соодветна музика која ќе создаде прикладна атмосфера, но не бирајте нешто пребавно, туку нешто што ќе ги стимулира Вашите сетила. Детално посветете се на предиграта и не прескокнувајте ниту една точка или дел од телото за кој знаете дека го/ја возбудува партнерот/партнерката. Запаметете, никогаш не двоумете се да испробате нешто ново. И пред да се свестите веќе ќе бидете поведени од страста. Токму во тој момент е време да го пробате следниот чекор.

Секс

Поза во која партнерката е горе

Време на траење: 4 минути

Факт е дека жените полесно постигнуваат оргазам ако се наоѓаат врз партнерот, односно така можат да ја контролираат брзината и ритамот. Препуштете се на уживањето, но не заборавајте на бакнежите и галењето на ерогените зони.

Погледот на партнерката која навистина ужива за време на сексот нема да остави рамнодушен ниту еден маж, а ако предиграта била прилично жешка, оваа поза би требало да го овозможи посакуваното уживање. По четири минути време е за промена на позата и тогаш на ред е партнерот кој треба да заземе доминантна позиција.

Поза во коjа партнерот е горе

Време на траење: 3 минути

Ќе бидете изненадени од сè што можете да постигнете под чаршафите за само три минути. Немојте да се задржувате само на една поза. Пуштете фантазијата да Ве води и испробајте сè што ќе Ви падне на памет, а срамежливоста оставете ја пред вратата. Кога ќе ја пронајдете позата која Ви одговара и на двајцата, едноставно препуштете се и уживајте.

Откако ќе ги совладате сите тајни на одличниот секс за 15 минути, време е да го фрлите часовникот и да заборавите на времето, бидејќи никој не очекува покрај креветот да чувате штоперка. Следниот пат, заборавете на сремежливоста и прашајте го пртнерот/партнерката што точно сака и дозволете си уживање кое тешко ќе го заборавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top