петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Записниците покажуваат изборен фалсификат – Бугарски воз во Гевгелија и Берово

Изборите во неделата, според податоците и доказите објавени во медиумите и сведоштвата на граѓаните на терен се најнерегуларните избори спроведени во независна Македонија, целосно одбележани во знакот на изборниот поткуп, уцените и заканите.

Со јасни и бројни докази за бугарски воз во повеќе општини низ државата. Медиумите веќе објавија дека бугарски воз се случил во скопски Карпош, Охрид, Велес и Струмица, а нашата редакција дојде до документи кои укажуваат дека бугарски воз е направен и во Гевгелија и Берово.

Ова е сериозна индиција дека истиот е извршен систематски на територија на цела држава, со што кутиите се полнети со однапред заокружени гласачки ливчиња за СДСМ.

Во Гевгелија во избирачкото место 334 по завршување на гласањето е утврдено дека недостасуваат по едно ливче од листата на градоначалници и едно ливче од листата на советници. ваквиот факт е утврден од страна на комисијата на избирачко место и истото е констатирано во записникот потпишан од членовите на комисијата.

Имено од 426 употребени ливчиња во кутијата имало 425. Што значи дека еден пар ливчиња е изнесен од гласачкото место, со што се отвара кругот за бугарскиот воз.

 

Недостатокот на пар ливчиња е констатиран и со записник.

Веќе појаснувавме како функционира бугарскиот воз, но ќе го предочиме и сега. Вака изнесеното празно гласачко ливче се заокружува за определена партија/кандидат и му се дава на поткупен гласач, кој го зема заокруженото ливче и го пропушта во гласачката кутија, а на тој кој му го дал му враќа празно ливче за што добива надомест. Празното ливче се заокружува и му се дава на друг договорен гласач, кој исто така враќа празно и така во круг се до затворањето на гласањето.

Во беровското цело Русиново, е забележан исто така случај на бугарски воз, но овој пат само за листата на советници, имено од гласачко место број 14 во Русиново.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top