петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 73 ново

Изборен поткуп во Македонска Каменица: СДСМ со камион делат брашно (ФОТО)

Изборниот инженериг кој се спроведува од страна на СДСМ завзема застрашувачки размери.

Почнаа да пристигнуваат најразлични докази за огромните изборни манипулации кои се прават од страна на СДСМ. На фотографиите до кои дошол порталот „Курир“, јасно се забележува како 25 тонски камион ангажиран од општинската организација на СДСМ во с. Мошница, Македонска Каменица наполнет со брашно чека да биде истоварен.

Ваквиот чин е насочен за директен поткуп на избирачите во пресрет на вториот круг на локалните избори. Очигледно е дека стратегијата на СДСМ е тотално променета. Наместо тие да одат од куќа на куќа да делат прехрамбрени продукти нашле начин како да избегнат директен контакт со брашното се со цел да не се експонираат во јавност.

Од она што може да се дознае од очевидците е дека камионот бил паркиран пред селската продавница од 20:00 часот па се до 00:00 каде чекал да биде истоваран за истиот подоцна доцна по полниќ да биде целосно испразнет.

Изборен поткуп во Македонска Каменица е забележан и во првиот круг каде исто така активистите на СДСМ со вреќи брашно ги поткупувале гласачите, но голема улога одиграле и парите. Од она што е познато сумата на дадени пари по гласач изнесувала неколку десетици евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top