среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Родителите реагираат на односот во градинките: Твоите деца не се специјални

Место кое во денешното општество го заменува домот за грижа на децата до нивната шест годишна возраст се градинките. Установата на секој родител му гарантира дека располга со сите услови кои треба да ги задоволат потребите на децата. Ако отворите и на веб страната на градинката „Кочо Рацин“ во Скопје , општина Центар ќе наидете токму на ваков опис за начинот на кој работи градинката и со тоа влева доверба кај граѓаните во одлуката каде да го згрижат своето дете.

По реакциите на родителите пак пишани на социјалните мрежи, се добива реалната слика во оваа установа. Денеска многу деца посебно во категоријата јасли се до нивната три годишна возраст се борат со алергии, многу од децата се интолерантни на одреден вид на храна, најчесто проблем со лактоза, глутен…Кога родителите секој за својот проблем упатил молба до негувателките или пак до раковотвото за соодветно решение на пример како посебено мени или пак носење на соодветна храна од дома со цел да се заштити детето од несакани последици, добивале одговор дека тоа не е нивен проблем или пак дека децата треба да си ги запишат во приватна градинка и дека нивните деца не се специјални.

За оваа проблематика која ги опфаќа токму најмалите „Република“ побара став и од Министерството за труд и социјала и од директорката на градинката „Кочо Рацин“, но до објавување на текстот одговор не добивме.

По разговор со родители во Скопје ниту една друга градинка не дава отпор за соработка со нив со цел да не се загрози здравјето на дечињата. Секоја од градинките наоѓа сопствен начин на менаџирање со проблемот за доброто на децата, без да се врши дискриминација, праќање во друга установа…Барањето на родителите е или да се воведе посебно мени за исхрана на децата или да се дозволи внесување на соодветна пакувана храна.

Во светски рамки познато е дека установите кои згрижуваат деца од најмала возраст, па и училиштата кои нудат целодневна настава со претходна пријава од родители за одреден проблем со исхраната на детето даваат соодветен оброк.

Top