среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Десет македонски студенти добија целосни стипендии за постдипломски студии во Франција

Десет македонски студенти ја имаат можноста во оваа учебна година да студираат со стипендија од француската влада на различни универзитети и на француските специјализирани, елитни високи школи. Се работи за студии на ниво Мастер во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.
Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска влада им овозможува да имаат и други бенефиции.
Одделот за високо образование Кампус Франс при Францускиот институт во Скопје, традиционално секоја година организира Саем на студии во Франција.
Годинава, саемот за студии во Франција ќе се одржи в четврток, 26 октомври 2017, од 11:00 до 16:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје. На настанот ќе земат учество претставници од француски универзитети и алумни, кои ќе ги споделат искуствата од нивните студии во Франција.

Top