петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

МВР за инцидентот на Бит Пазар: Едно лице го фатило воланот на возачот и предизвикал сообраќајка, тројца завршија на Ургентен

МВР вечерва излезе со соопштение за инцидентот во автобусот на ЈСП на Бит-пазар. „Околу 21 часoт пријавено е дека на булeварот „Крсте П. Мисирков“ на постојката кај 26-ти јули во автобус на ЈСП бр. 50 од повеќе лица бил нарушен јавниот ред и мир и притоа биле нападнати и патниците кои биле внатре во автобусот“, пишува во соопштението.

„Нарушувањето започнало на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр. 20“, се додава во соопштението.

МВР соопшти дека откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци. Повредени се три лица кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар. Засега е приведено едно лице Р. Б. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството.

 

извор: макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top