четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 97 ново

Масовна тепачка на Бит Пазар: Демолирани два автобуси со Комити

Непосредно по завршувањето на натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Реал Сосиедад, на скопски Битпазар се случил инцидент во кој биле каменувани два автобуси во кои се превезувале симпатизери на црвено-црните, објави Пресс 24.

Имено, двата приватни автобуси биле каменувани, бидејќи во него се возеле млади лица означени со обележја на ФК Вардар.  Патниците во автобусот почнале да ги бркаат напаѓачите и за среќа веднаш реагирала полицијата, која набрзо ја ставила под контрола комплетната ситуација.

Од МВР потврдуваат дека на големата раскрсница кај Битпазар имало немири. Група навивачи каменувала автобус, но инцидентот поминал без повредени или поголеми последници.

На местото бргу стигнале припадници на специјалните единици, сообраќајот е блокиран, а ситуацијата е ставена под контрола..

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top