четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 96 ново

Грнчаров: Дадовме се што можеме, дури и повеќе од сто насто, но квалитетот си е квалитет!

Капитенот Бобан Грнчаротв смета дека се ќе беше барем малку поинаку доколку Вардар го отвори резултатот на овој натпревар кој отиде во една непосакувана насока за нашиот шампион.

„Сигурно е дека не очекувавме ваков пораз. Имавме шанса, но Тигран не реализираше и сигурно е дека се ќе беше поинаку. Тие се поквалитетна екипа, целосно не надиграа”.

Навивачите кои дојдоа во голем број не беа израдувани со добар резултат?

„Не игравме во грч, мислам дека тоа е квалитетот кој што го има противникот. Ние дадовме се што можеме, дури и повеќе од сто насто. Но квалитетот си е квалитет. Имаат квалитетни играчи. И благодарам на публиката што дојде во голем број и што не подржа. Се надевам дека и на другите натпревари ќе дојдат во вака голме број и ќе не подржат”.

Околу тоа што треба Вардар да промени пред гостувањето во Шпанија, капитенот на Вардар потенцираше:

„Треба да имаме и малку среќа. Треба да реализираме кога имаме шанса за такво нешто. Да реализиравме први, како што беше вечерва, сигурно е дека немаше да загубиме со 6-0. Вардар треба прв да постигне гол. Тие тука реализираа во 15. минута. Потоа ние имавме две шанси , но не ги реализиравме. Не велам дека ќе игравме нерешено или дека ќе победевме. Но уверен сум дека резултатот немаше да биде ваков каков што е”- дополни Грнчаров.

Секако, голема е разликата меѓу македонскиот фудбал и шпанскит, тука нема дилеми

 

извор:спортмедиа.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top