среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Македонскиот првак има негатива од Реал Сосиедад со 0-5

Македонскиот првак има негатива на домашен терен пред своја публика од Реал Сосиедад со 0-5 во мечот во третото коло од групата „Л“ од Лига Европа.

Стрелец на водечкиот гол за гостите беше Микел Ојарзабал кој во 12. минута се постави на вистинско место по една нафрлена топка од корнер, а нему воопшто не му беше лесно да ја смести топката во мрежата од голот на нашиот претставник. Во 21. минута фантастична рефлексна одбрана на вардаровиот голман Гачевски кој спречи сигурно водство од 0-2 по полуволејот на Каналјес.

Реал Сосиедад имаше целосна контрола на мечот во почетната фаза, а за ова потврдува и поседот на топката кој дури 74% беше на страната на гостите во 25. минута, а во истата минута Вилијан имаше стопроцентна шанса за гол, но Гачевски повторно беше на висина на задачата. Имаше и нашиот претставник свои шанси, а една од нив беше онаа во 28. минута кога Николов излезе во една ветувачка прилика, но откако се ослободи од својот чувар биеше непрецизно над голот.

Само три минути подоцна Вилијан Хосе веќе зголеми на 0-2 и тоа со една фантастична акција на гостите во која вардаровата дефанзивна линија немаше можност да реагира, туку само да ја проследи истата. Конечните 0-3 од првото полувреме ги постави Вилијан Хосе во 43. минута со својот втор гол на мечот, а на нашиот претставник му се заканува нов пораз во дебитантската сезона од Лига Европа.

По убедливото водство од 0-3 по првите 45 минути игра гостите не застанаа, па стигна нов гол во 55. минута за 0-4 и тоа преку Вилијан Хозе кој веќе постигна хет-трик на мечот во Скопје. А истиот фудбалер само четири минути подоцна постигна гол и за 0-5.

Top