четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 96 ново

Технома ќе се одржи во ВИП Арена „Борис Трајковски “

43. Меѓународен саем ТЕХНОМА и 37. Меѓународна изложба на иновацииМАКИНОВА 2017годинава ќе се одржат од 25. до 29. октомври во ВИП Арена „Борис Трајковски“, каде што претставници од големите, средните и малите домашни и странски производители во областа на металургијата, електротехниката, енергетиката, градежништвото, ќе се претстават со своите дејности, производи, услуги и експертиза.

Тимот на Скопски саем со години ги подготвува познатите саемски манифестации кои резултираат со десетици илјади посетители и бројни бизнис конекции и контакти со значително влијание врз економијата во Република Македонија. Овој стучен тим во целост ја вложи својата умешност и долгогодишно искуство во организацијата на годинешното иѕдание на саемот ТЕХНОМА 2017, и ВИП Арена „Борис Трајковски“  ќе ја претвори во центар за иновативност и технологија“, порачува Дејан Кошутиќ, извршен директор на Скопски саем. Тој истакнува дека ТЕХНОМА е високо почитуван саем кој уште од 1997 година во организација на Скопски саем е член на УФИ (Унија на меѓународни саеми).

 

Работното време за посета на саемот е од 10ч.– 19ч. Цената на редовната влезница изнесува 50 денари, а за организирани групни посети влезницата чини 30 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top