среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Изборен инженеринг и фалсификат на СДСМ со Џемо од Прилеп, Шваба во Гази Баба

Поткуп, закани и уцени се само дел од методите со кои СДСМ спречи десетици илјади луѓе да излезат на гласање во првиот круг на локалните избори во Македонија кој се одржа на 15-ти октомври 2017 година.

Илјадници сведоштва од цела Македонија полека ја покажуваат целата шема на СДСМ за изборен инженеринг и фалсификат, а сведоштвата од град во град се повторуваат бидејќи горе-долу насекаде низ Македонија, низ сите општини биле спроведувани истите методи и користени истите инструменти.
Сведоштва од теренот велат дека лица како познатото лице „Џемо“ од Прилеп, долгогодишен соработник на тајните служби, се јавувал дури и на претседатели на месни комитети на ВМРО-ДПМНЕ да им се заканува да не работат на терен за изборите, односно да ја намали излезноста за ВМРО-ДПМНЕ.
Сведоци се обратија до нашата редакција да соопштат и за сличен начин на делување во општина Гази Баба во која ќе има и втор круг.  Во оваа општина за СДСМ работи лицето наречено „Шваба“ кој не се јавувал по телефон како својот колега од Прилеп, туку одел од врата до врата на претседателите на месни комитети на ВМРО-ДПМНЕ и им се заканувал да не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и да не лобираат кај членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање.
Целта на акцијата на СДСМ со бројни „Џемовци“ и „Шваби“ е да се намали излезноста кај гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ, а сведоштва за вакви акции доаѓаат од илјадници луѓе од државата.
Top