среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Изборни нерегуларности: Копиите од записниците не одговарале со оригиналот

Државната изборна комисија денес одржува седница на која се разгледуваат приговорите поднесени од политичките партиите.

Со првиот приговор на ВМРО-ДПМНЕ партијата бараше да се поништи гласањето на две избирачки места во Прилеп, поради тоа што копиите од записниците не одговарале на оригиналот.

ВМРО-ДПМНЕ ги достави копиите со приговорот, а ДИК откако го провери ориганалот од општинската изборна комисија, заклучи дека копиите и оригиналите не се еднакви, но процени дека тоа не е причина за поништување на гласањето на двете избирачки места во Прилеп, по што приговорот беше одбиен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top