четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 98 ново

Казна од пет меча за уринирање пред навивачите

Фудбалерот на италијанскиот четвртолигаш Турис Џовани Либерти доби суспензија од пет меча поради уринирање кон навивачите на ривалите од Сарнезе и правањето „грди и непристојни гестикулации“.

21-годишниот Либерти беше исфрлен од клупата за резервни играчи во натпреварот и сега добива казна од пет меча за „покажување на гениталиите“. Од тимот на Турис ги демантираат овие обвинувања.
„Нашиот играч дефинитивно не го направи тоа за што го обвинуваат. Тој беше на местото за загревање на играчи, а блиску до ѕидот имаше фонтана и нашиот играч го местеше својот дрес и според правилата го стави во шорцевите. Единствен доказ кој го имаат е сведочењето на помошникот судија кој беше на другата страна на теренот“, вели претседателот на аматерскиот клуб од градчето Торе дел Греко, Антонио Колантонио.

Мечот, кој се одржа на 15 октомври завршил 3:3. Турис се на 15. место во лигата од 18 тимови, но главната причина е казната од шест поени која ја добија на почетокот на месецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top