среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Ченинг Тејтум ја раскина соработката со Вајнстин

Ченинг Тејтум ги прекинува своите бизнис односи со продукциската компанија „Вајнстин Ко.“ и со Харви Вајнстин, кој неколку познати глумици го обвинуваат за силување.

Глумецот, кој е и продуцент на „Forgive Me, Leonard Peacock”, заедно со својот колега Рид Каролин соопштија дека ја прекинуваат работата на филмот под поткровителство на компанијата.

– Храбрите жени кои имаа смелост да се исправат и да ја кажат вистината за Харви, се вистински херои за нас. Тие „ги влечат тешките тули“ за да изградат праведен свет каков што сите ние заслужуваме, напиша Тејтум на Инстаграм.

Меѓу попознатите глумици кои го обвинуваат Вајнстин за сексуално злоставување, се Анџелина Џоли, Роуз Мекгоуан, Гвинет Полтроу…

Top