четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 97 ново

Пукањето во Шуто Оризари сѐ уште го нема во билтените на МВР

Четри дена по завршувањето на првиот круг од локалните избори сеуште не е разрешен случајот во општина Шуто Оризари кога за време на прославата се пукаше со огнено оружје, а на видеото кое е поставено на интернет се гледаат и лицата.

За видетото кое го објавија сите  интеренет портали сѐ уште нема реакција Министерството за внатрешни работи.
Во дневните билтени на МВР сѐ уште не е регистриран овој случај. Телевизија Алфа побарала од МВРинформации за кое е лицето кое пукало, дали е започната било каква кривична постапка против него и дали е извршен информативен разговор со него, но засега МВР не ѝ одговорило на телевизијата.
Изминантите години десетина лица се загинати или повредени од заскитани куршуми кои се испукани за време на прослави или различни приватни пригоди.
Шуто Оризари овие локални избори стана синоним за насилства и тешки инциденти. Вториот круг од изборите само што почна, а во Шутка таканаречените скандинавски избори во првиот круг завршија со секири, шипки и раскрвавени глави, а да не интервенираат специјалците завчера вториот круг ќе го дочекавме со масовна тепачка.
Специјалци и алфи ги разделуваа кандидатите за градоначалник Елвис Бајрам и Курто Дудуш, за малку е избегната и тепачка меѓу симпатизерите на двајцата кандидати.
Во текот на изборната кампања беше претепан кандидатот за градоначалник Елвис Бајрам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top