среда, 22 ноември 2017 | Вести денес: 86 ново

Нови мерки – со закон ќе се забрани работата во недела и на празник

Новиот закон за трговија во Словенија предвидува затворање на продавниците во недела и на празниците, а би можело да стапи на сила во февруари следната година.
Со помош на коалициските партнери, независниот пратеник Андреј Чуш собрал 25 потписи потребни за општа расправа во парламентот за измени во законот.
-Пред да стапи на сила, законот мора да помине во парламентарниот Одбор за економија, и измените на законот може да бидат усвоени на пленарна седница во декември- оценил Чуш.
Тој вели дека најголемата коалициска партија во Словенија ги поддржува измените.
Top