среда, 24 јануари 2018 | Вести денес: 0 ново

Осуммина загинати при експлозија во фабрика за пиротехнички средства во Индија

Најмалку осум лица загинаа, а 20 се повредени при експлозија во нелиценцирана фабрика за производство на пиротехнички средства во градот Баласоре, во индиската држава Ориса.

Според локалната полиција, бројот на настраданите може да се зголеми, бидејќи неколку лица се наоѓаат под урнатините на зградата, која целосно се урнала од експлозијата.

Инцидентот се случи пред прославата на популарниот индуистички празник на светлината Дивали.

Ваквите експлозии се честа појава во Индија, бидејќи не се води грижа за безбедносните мерки во фабриките за пиротехнички средства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top