недела, 25 февруари 2018 | Вести денес: 78 ново

Најмладата жртва на продуцентот Харви Вајнштајн имала само девет години

Грдата Бети или убавата Америка Ферера, објави потресна исповед на својот Инстаграм профил. Нејзината порака е јасна, доста беше молчење.

Animal nature. #saturday

A post shared by America Ferrera (@americaferrera) on


Секојдневно се појавуваат нови жртви на продуцентот Харви Вајнштајн. Списокот достигал до 30 жени, а глумицата Америка Ферера ја објавила својата исповед со хештегот #ијасисто. Станува збор за тужбата на Алиса Милано кон Харви Вајнштајн која имала цел, како што вели Америка, да се прекине мудрото молчење.

#metoo

A post shared by America Ferrera (@americaferrera) on

“И јас исто. Кога бев сексуално нападната имав само девет години. Не кажав ни збор на никого и живеев посрамотена и цело време самата се окривував. Јас, деветгодишно дете, некако испаднав да бидам одговорна за постапките на возрасен човек. Години после тоа морав секојдневно да го гледам. Тој ми се смешкаше, а јас сакав што побрзо да поминам покрај него. Крвта ми се замрзнуваше. Храбро го носев тој терет, тоа што го знаевме само јас и тој. Морав да го држам јазикот со заби и да му возвратам насмевка. Дами, ајде да го прекинеме молкот за наредните генерации на девојчиња да не мораат да го поминуваат истото”, вели Америка во писмото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top