четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 97 ново

Зоран остана без малата Јана, еве кому ќе му припадне старателството

Центарот за социјална работа на 10. октомври му го одзема старателството на Зоран Марјановиќ над неговата 6-годишна ќерка Јана.

Нејзин старател сега е психологот на Градскиот центар за социјална работа, а таа е привремено сместена кај нејзиниот чичко Милош Марјановиќ.

Малата Јана пред една година остана без нејзината мајка, а татко ѝ е уапсен кон средината на септрмври оваа година. Детето останало без родители, па работниците од Центарот за социјална работа по службена должност покренале постапка за старателстка заштита. Вработените ја посетиле Јана во Борчи каде живее со својот чичко, неговата сопруга, баба и дедо. Утврдено е дека девојчето на никаков начин не е загрозено. Тоа го потврдиле и од градинката во која оди девојчето, како и докторите кои ја прегледувале Јана. Развојот на девојчето не е загрозен, па не била потребна помош од специјализирани експерти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top