четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 96 ново

Јувентус до тешка победа против Спортинг, Барса рутински го совлада Олимпијакос

Во групата Д во Лигата на Шампионите, вечерва фаворитите остварија очекувани победи. Италијанскиот шампион си ја искомплицира задачата против Спортинг од Лисабон кога Алекс Сандро рано во првото полувреме ја затресе сопствената мрежа. Пјаниќ израмни во првиот дел, а одличниот Хрват, Марио Манџукиќ му ја донесе победата на Јуве 5 минути пред крајот на мечот за конечни 2-1.

Барселона на домашен терен го совлада Олимпијакос со 3-1. Грците си постигнаа авто-гол на самиот почеток на мечот, а до крајот на првиот дел Барса остана со играч помалку откако беше исклучен Жерар Пике. Сепак, и со играч помалку, шпанскиот гигант успеа да постигне два гола преку Меси и Диње, а Олимпијакос во финишот на мечот даде почесен гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top