петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Активист на СДСМ „го погреба“ Илчо Захариев во морбидна снимка, осуди стигнаа од сите страни (Видео)

Морбидно и недолично започнува вториот дел од кампањата за локални избори во Штип, а протагонисти се симпатизери и поддржувачи на СДСМ. Имено, лице со име Сафет Али кое на социјалните мрежи на фотографија може да се види со лидерот на СДСМ Зоран Заев, вчера организираше погреб на градоначалникт Илчо Захариев, објави ТВ Стар.

Клипот веќе кружи и на социјалните мрежи и собира многу негативни коментари, гнев и осуда.

Врв на овој цинизам сервиран со многу гнев е и пораката на „свештеникот“ Сафет Али дека Али не се шали.

Овој чин предизвика огромни реакции во јавноста во целата држава а свои соопштенија доставија и партиите.

„…Оние кои ја погледнаа видео снимката од најдобриот другар на Бочварски не можеа да не се згрозат од кажаното во истата. Кандидатот сака да го види мртов, Градоначалникот на Општина Штип прим. м-р Илчо Захариев, па затоа во текот на вчерашниот ден порача да му се оджи опело. Гледајќи од аспект на тоа дека опелото е изведено од другарот на Бочварски, Сафет Али, наш сограѓанин од муслиманско вероисповедание, СДС сака да ги исмее нашата вера и обичаи, а со тоа на штипјани им покажува на кое ниво е нивната грижа за македонскиот народ и неговите верски и национални чувства…“, стои во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

Иако овој чин веројатно е индивидуален, тој фрла големо петно на досега коректната изборна кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top