петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 71 ново

Атлетико Мадрид запрен во Азербеџан, Карабах го освои првиот бод во Лигата на Шампионите

Претставникот на Азербејџан, тимот на Карабах, попладнево го освои првиот историски бод во Лигата на шампионите, откако во Баку ремизираше без голови против Атлетико Мадрид. Одбраната на домашниот тим успеа да издржи, и покрај тоа што во последните 15 минути играше со играч помалку по исклучувањето на Ндлову.

Фернандо Торес и Антоан Гризман имаа убави шанси за да донесат триумф за шпанскиот тим, но не беа прецизни. Атлетико Мадрид по три кола во групата Ц од Лигата на шампионите се уште е без победа и има само два освоени бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top