среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

Македонка загина на автопатот Белград-Ниш, двајца се борат за живот

Едно лице е загина а уште три се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш кај Умчари. Како што неофицијално дознава Новости, до несреќата дошло на пет километри од излезот кон Умчари, на автопатот кој е во правец на Ниш, кога автомобилот од марка „Ауди А6“ со макдонски регистерски таблици излетал од патот.

Во возилото имало четири државјани на Македонија, дајца мажи и две жени на возраст од 30 до 35 години кои од Белград се враќале кон Македонија. Повредените се пренесени во Ургентниот центар, а според неофицијалните информации кои ги објави Србија Денес, во несреќата настрадала една од жените.

-Двајца од патниците се во тешка состојба и се борат за живот во Ургентиот центар. Во каква ситуација е возачот на автомобилот, нема информации, јавува Новости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top