четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 96 ново

Рама: Мојата средба со лидерите на албанските партии нема врска со изборите

Изборите се случуваат овде и тоа е работа на партиите во Македонија и Албанија и јас немаме врска со тоа, изјави премиерот на Албанија Еди Рама, одговарајќи на новинарско прашање за тоа, што порачал на средбата со лидерите на албанските партии во Македонија во врска со вториот круг од изборите, на премиерската прес -конференција во рамки на Самитот 100.

Рама рече дека неговата средба со лидери на политички партии во земјава нема никаква врска со изборите.

– Таа средба немаше никаква врска со изборите. Изборите се случуваат овде, тоа е работа на партиите во Македонија. Албанија и јас лично немаме врска со ова прашање. Изборите се спроведуваат во нашата соседна пријателска држава Македониј- рече Рама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top