четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 98 ново

Ударна вест за годинава-од 1.1.2018 без ЕУ пасош ќе може да се работи во Германија?

На социјалните мрежи почна да се споделува информација која би можела да охрабри многумина кога е во прашање запослувањето во странство.
– Имено од 1.1.2018 стартува нов закон за вработување според кој сите кои не се граѓани на ЕУ ќе можат да се вработат под исти услови како и граѓаните на ЕУ, што важи за граѓаните со српски, босански и македонски пасоши, без оглед за која работа сакаат да аплицираат.

Тоа значи дека сите кои ќе пронајдат работодавач ќе можат да се вработат како и ЕУ граѓаните, без притоа да мораат да одат во амбасада и да бараат работна виза.
Пронаоѓањето на сигурна работа ќе биде како и досега, преку агенција. Во моментов во Германија можат да се вработат само граѓаните со ЕУ паосш. Оваа информација засега се уште не ја потврдила ниту една официјална институција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top