четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 96 ново

„Оревокршачка” на мраз се презакажува за 4. декември

Балетскиот спектакл „Оревокршачка” на мраз кој требаше да се оддржи на 24. ноември 2017 година, поради технички причини се презакажува за 4. декември 2017 година, во Македонска Опера и Балет, со почеток во 20 часот.

Сите кои веќе имаат купено билети со датум 24. ноември 2017 година се важечки за претставата на 4. декеври 2017 година и нема потреба да ги заменуваат со нов датум.

Билетите за овој балетски спектакл на мраз „Оревокршачка на мраз” кои се во ограничен број може да се набават преку продажната мрежа на “КупиКартиЗаСе” низ цела Македонија, Билетарата на МОБ, во “Пола Југотон”, “Југотон”, Цвеќара “Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top