четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 98 ново

И тоа се случи: Играњето на шипка стана спорт

Играњето на шипка и официјално стана спорт. Најзаслужна за ваквиот епилог е Кејти Коутс, која во изминатите 11 години се бореше оваа дисциплина да добие статус на спорт.

Оваа 41-годишна Британка, која е претседател на Меѓународната федерација (ИПСФ) има во план играњето на шипка да стане олимписки спорт.

ИПСФ е основана во 2009 година кога Коутс е избрана за претседателка. Три години подоцна, во време кога се одржуваа Олимписките игри во Лондон, во англиската престолнина се одржа Светското првенство во играње на шипка.

– Го смисливме правилата, системот на бодување, а дури имаме и наш допинг-систем, односно сè што е поврзано со спортот, на пример фудбалот. Во последните три години имавме анти-допинг контроли, а оваа година првпат Светската анти-допинг агенција (ВАДА) ги тестираше нашите спортисти. Никој не падна на допинг-тестот – рекла Коутс.

За да стане олимписки спорт играњето на шипка мора да има Сојузи во најмалку 40 држави на најмалку четири континенти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top