петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 75 ново

Пожари во Шпанија и во Португалија, 35 мртви

Најмалку 35 луѓе загинаа во пожарите во Португалија и Шпанија, соопштија официјални лица.

Ситуацијата е покритична во Португалија, каде што има потврдено 32 жртви, а над 4.000 пожарникари се борат со 150 пожари. Вкупно 56 лица се повредени, од кои 16 се во сериозна состојба, а неколку луѓе се водат и како исчезнати.

Португалскиот премиер Антонио Коста прогласи вонредна состојба, опишувајќи ја состојбата како уништувачка.

Пожарите кои се проширија низ северна Португалија викендов потоа ја опфатија и шпанската покраина Галиција, каде што три луѓе загинаа. Над 600 шпански војници се приклучија во гаснењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top