петок, 24 ноември 2017 | Вести денес: 73 ново

Скандалозна изјава: „Пусикет долс“ беше само параван за проституција!

Поранешната членка на свески познатата женска група Пусикет долс Каја Џонс (33) деновиве излезе со скандалозна изјава дека групата во суштина била параван за висока проституција.

Џонс стана дел од Пусикет долс во 2003, за да излезе од групата само по 2 години. Во изјава за медиумите, пејачката откри дека членките на групата честопати биле „разменувани“ помеѓу важни личности од музичката индустрија.

-Тоа не беше женска група. Тоа беше круг на проституција. Покрај тоа пеевме и бевме познати. Сите што нè поседуваа заработуваа на нас. Колку лошо беше? Доволно лошо за да се откажам од своите соништа, колешките од групата и договор од 13 милиони долари. Знаевме дека ќе бидеме број 1, вели таа.

Нејзиното тврдење наиде на остра критика од основачката на групата, Робин Антин, која вели дека ваквите обвинувања се одвратни и смешни лаги и дека е и повеќе од очигледно дека Џонс си ги бара своите 15 минути слава.

Гласините велат дека и Никол Шерцингер била прилично вознемирена од ваквите обвинувања, но таа досега не даде изјава во врска со целата ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторска содржина (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top