четврток, 23 ноември 2017 | Вести денес: 96 ново

Бојко Борисов: Европа е под притисок на тероризмот и мигрантите

Европа е под притисок на терористичките напади и мигрантстка криза, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на собирот во Софија насловен „Заедно во безбедноста: Улогата на Бугарија во зедничката европска одбрана“.

– Сакаме да создадеме мир на Балканот и мир во Европа. Новите поколенија заборавија како изгледа војната, додаде Борисов.

Според него, во држави кои се подготвени за војување, многу малку се води грижа за човечкиот живот.

– Од друга страна во Европа доколку загине и еден војник, го сметаме за трагедија. Ние сме најхумани и го цениме човечкиот живот, додаде Борисов.

Во обраќањето на истиот собир, бугарскиот претседател Румен Радев оцени дека Бугарија треба да покаже оти може да генерира потенцијали и реален придонес во заедничката европска одбрана.

Според Редев, и покрај напорите на ЕУ за зајакнување на сопствените одбранбени капацитети, на сите им е јасно дека евентуалните идни европски сили нема да можат да го заменат НАТО, туку само ќе бидат негово дополнување.

Цел на собирот е формирање на единствени национални ставови на Бугарија во врска со заедничката европска одбрана, која, како што оцени модераторот на форумот, поранешниот бугрски министер за надворешни работи Соломон Паси, претставува „огромен приоритет на Европа“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето авторски текст е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текстови и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

Top